Водителката од Канал 5 објави видео и покажа како Скопје се гуши во густа магла и сиви облаци: А на Водно снег и сонце (ВИДЕО)
Празничниот викенд многумина го искористија да прошетаат во природа или на некое повисоко место каде ќе може да уживаат во чист воздух над облаците.
Скопје и скопјани изминатиот викенд го посетија Водно како единствена градска дестинација која нуди сончево време додека главниот град се гуши во сиви облаци.
Глетката непроценлива. Кога со жичница ќе се искачите на врв ќе се прашате „дали ова е истиот град?“. По пешачењето на падините од снежно Водно, одеднаш пред вас ќе се појави чистина, сонце и сино небо.
Дополнително зимска идила е и преостанатиот снег во кој уживаат најмалите.
Водителката на утринската програма на Канал 5, Александра Илиевска Пановска со сопругот и ќерката уживаа во сончевата страна на Скопје.
Александра објави и видео како изгледа Скопје, додека со жичница се качува на Водно.
Додека небото над Скопје е прекриено со сиви облаци и магла, на Водно сонце. Скопјани како да живеат во два различни градови во зимскиот период.
Водителката знае како да ужива во слободното време и викендите, па така имаше можност заедно со семејството да ужива во убавините на Крушево.
Фото: Инстаграм