Има 24 години, мајка, сопруга, одлична пејачка: Еве кој прв ѝ честиташе на Гиговска

Добивај вести на Viber

Денес е убав ден за Антониа Гиговска. Пејачката слави роденден, полни 24 години.

Честитките пристигнаа од сите страни, а младата и актуелна пејачка ги пресподели на Инстаграм стори.

„Среќен роденден мила моја“, напиша нејзиниот сопруг Роберт Спасенцовски со фотографија од нив двајца.

Брат ѝ Дарко Гиговски пак истакна: „Среќен роденден! Цел живот вака окезана(насмеана)“ 

Честитките се редеа во минутите по полноќ: 

Пред две години, на нејзиниот 22 роденден пејачката се вери со тогашното момче, сегашниот сопруг Роберт. Во таа прилика парот откри и дека очекуваат дете.

Плод на нивната љубов е преслаткиот Киан, кој сега има 1 ипол година и е пресладок. 

Нивниот син го зел најубавото и од двајцата родители, а во една прилика мама Антониа откри дека нејзиниот наследник има афинитети кон музиката. Кое е и очекувано, имајќи во предвид дека мајка му е одлична пејачка, а и татко му Роберт е музичар, кој пее и свири, а и компонира песни.


Р.Ж.М.

Фото: Инстаграм