ЈК Травел доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за успешната соработка во последното издание на фестивалот

Добивај вести на Viber

На свечениот настан во UTOPIA private business club, ЈК Травел беше награден со признание за нивната значајна поддршка и успешната организација на сите букинзи за гостите на последното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. 


Признанието беше врачено од страна на Симеон Мони Дамевски, директор на фестивалот, а во име на ЈК Травел, признанието го прими Елизабета Јосифовска, маркетинг менаџер.


Настанот беше можност да се оддаде признание на сите спонзори и поддржувачи кои придонесоа за беспрекорната организација на фестивалот, а ЈК Травел како доверлив партнер уште еднаш покажа дека врвната услуга и професионализмот се нивна основна определба.


Ова признание претставува потврда за долгогодишната посветеност на ЈК Травел во обезбедувањето на логистичка поддршка за настани од висока категорија, а воедно е и поттик за нови можности за соработка во иднина.