Тажна вест: Почина Снежана Липковска, доајенот на македонското спикерство

Добивај вести на Viber

Почина доајенот на македонското спикерство, Снежана Липковска.

Таа беше со фантастичен радиофоничен глас, секогаш со дикција на ниво и дама со стил.

Со децении владееше (70-те и 80- те години) на ТВ екраните, односно на тогашната ТВ. Скопје или Македонска радио и телевизија. Водеше најразлични емисии како и централниот Дневник и немаше кој не ја познава, а беше и добро позната во тогашна Југославија.

Снежана Липковска знаеше како да се носи со славата, и беа отворени сите врати, а таа правеше интересни стории кои се прераскажуваат и денес. Спикерството и беше заштитен знак и од неа учеа генерации.

Нека почива во мир. Слава ѝ.