Како да знаете дали некоја личност е емотивно зрела? 4 однесувања кои потврдуваат дека некој не е дете во тело на возрасен
Тезата дека луѓето се деца во возрасни тела звучи малку страшно, но 4 знаци потврдуваат дека имате работа со емотивно зрела личност.
Многу психолози имаат теза дека повеќето луѓе се деца во возрасни тела и дека емоционалната незрелост е тивка епидемија. Но, тогаш како да знаете дали некој е емотивно зрел човек?
„Со генерации, на родителите им беше кажано дека воспитувањето на децата значи да им се обезбеди покрив над главата и храна. Но, децата имаат емоционални потреби кои бараат од родителите да бидат координирани, отворени и свесни“, вели д-р Никол Лепера, холистички психолог.
„Кога на детето не му се задоволуваат потребите, тоа не ги поминува сите развојни фази. Децата потоа стануваат возрасни кои емоционално ќе се уназадуваат како што стареат - или се однесуваат како деца кога се под стрес. Ова вклучува задевање, удирање, викање или мамење“.
„Им недостигаат вештини во врските како емоционална регулација, разрешување конфликти и здрава комуникација. Емоционално незрелите луѓе ќе сметаат дека врските многу ги исцрпуваат и ќе ги обвинуваат своите партнери или други блиски за секој проблем што ќе го искусат.
„Меѓутоа, не постои совршен пријател или партнер. А само емотивно зрела личност е онаа која е способна да изгради долготрајни, трајни врски. Само емотивно зрелите луѓе знаат да даваат и да примаат. А исто така да ја прифатат одговорноста за улогата што ја игра во ситуации“.
Но, како да знаете дали некој е емотивно зрел? Стигнавме до оваа фаза или не? Д-р Лепера вели дека ова се 4 јасни знаци дека личноста е емотивно зрела.
1. Може да се справи со стресот
Дури и емоционално зрелите луѓе ќе станат вознемирени за време на периоди на висок стрес, но тие генерално можат да се справат со тоа. Кога времињата се тешки, тие нема само да трчаат и да се откажат. Ќе комуницираат и ќе бараат решенија.
2. Немојте да мислите дека сите други се виновни
Емоционално незрелите луѓе имаат проблем со самоиспитувањето. Како резултат на тоа, тие остануваат слепи за сопственото однесување. Тие имаат развиено модели на обвинување на сите други за секоја ситуација во која се наоѓаат. Зрелите луѓе ги гледаат работите пошироко и не го вадат својот дел од равенката.
3. Не е импулсивна
Емоционално зрелите луѓе не носат импулсивни одлуки за да избегнат тешки чувства. Тие се способни да седат со своите емоции и да чекаат да заздрават. Ова ги прави многу сигурни и доследни.
4. Знае да слуша, дури и ако не се согласува
Луѓето кои се емотивно зрели имаат солидна идеја за себе. Тие знаат кои се и можат да толерираат несогласувања. Од друга страна, емоционално незрелите луѓе секое несогласување го доживуваат како закана за сопствениот идентитет.
Фото:
Freepik.com
Извор: Sensa.mondo.rs