OTKAKO ЈАВНОСТА ДОЗНА ДЕКА УМЕТНИК ОД ПРИЛЕП ЖИВЕЕ БЕЗ СТРУЈА: Ги прашавме граѓаните дали ја ценат уметноста и дали купуваат слики?

Добивај вести на Viber

Откако деновиве медиумите објавија дека уметникот Златко Крстевски од Прилеп живее без струја и во тешки услови, ги прашавме граѓаните дали ја ценат уметноста, дали за истата се спремни да платат, дали и кога последен пат купиле или добиле уметничка слика на подарок. 

Одговорите на нашите соговорници укажуваат дека прво гледаат да ги задоволат основните животни потреби, а за уметничките слики се согласуваат дека го разубавуваат просторот, но според нив, само побогатите можат да си дозволат дома да имаат вакви ремек-дела.

„Не паметам кога сум купила слика, односно никогаш не сум купила. На свадба добив уметничка слика и до денес ја чувам“, вели средовечна граѓанка.

Луѓето објаснуваат дека уметничка слика би била убав подарок за роденден, за вселување во нов дом или некој друг повод. Повеќе на Фактор.мк