Ема, најпознатата снаа од Кенија кај нас вака покажа почит кон македонската нација, музика и песна: „Браво“
Иако само неколку години живее во Македонија, најпознатата Кенијка кај нас многупати покажала и докажала дека ја сака нашата земја.
Таа го научила јазикот, слуша и пее македонски песни, за нашата земја зборува само најдобро, а особено кога е во нејзината родна Кенија ги запознава нејзините најбликси со нашата песна и убавините на Македонија.
Овој пат Емакулате Вендера Блажевска по повод 8 септември, Денот на независноста на Македонија во свој стил објави видео со национални фолк песни и напиша: „Ако не знаеш барем две од песниве не си Македонец“.
Видеото набргу собра многу позитивни коментари и стотици лајкови. „Убавица невидена си, секоја чест за тебе ми го разубавуваш Инстаграм со твоите постови“, напиша еден корисник на споменатата социјална мрежа, „Ете така и ние имаме македонски биит“, напиша друг, а пак трет додаде: „Браво Емче Македонка права“.
Не е прв пат Ема да пее македонска песна. На нејзиниот инстаграм профил таа често споделува видеа како танцува и пее, забавни и народни песни и едноставно ужива додека го прави тоа.
Освен што ги забавува нејзините следбеници на социјалната мрежа, Ема покажува почит кон македонската нација, со тоа што слуша македонска музика и зборува на македонски.
Фото и Видео: Инстаграм