„ВТОРА ШАНСА ЗА АЛЕКСАНДАР!“: потребна му е поддршка за лекување во Турција

Добивај вести на Viber

На младиот Александар Планојевиќ му е потребна помош од сите хумани граѓани за да замине на лекување во Турција. Александар има 26 години и боледува од Lymphoma Hodgkin, канцер на лимфни жлезди, болест со која еднаш успеал да се избори, но сега се појавила повторно. 

- Драги пријатели, хумани луѓе, се викам Александар и имам 26 години. Боледувам од Lymphoma Hodgkin, sclerosis nodularis т. е. канцер на лимфни жлезди. Потребните 35.000 евра за лекување и трансплатација на коскена срж во Турција. Првиот пат ми ги обезбедивте сите вие и успешно го завршив своето лекување таму. Неколку месеци подоцна, при рутинска контрола во Белград, откриена ми е нова формација во мојата глава, која повторно бара дијагностика и целосно нов третман исто така во Турција, третман за кој јас немам средства. Повеќе на Фактор.мк