Нашата манекенка Татјана Јанушева во ексклузивен едиторијал за L’ OFFICIЕL

Добивај вести на Viber

Со право може да кажеме дека Татјана Јанушева е една од најдобрите македонски модели која позади себе веќе има голем број на кампањи и едиторијали за светски дизајнери. 

Најновиот голем успех е модниот едиторијал за светското модно списание L’ Officiеl – Балтик. Овој едиторијал е насловен како “ DOLLY DREAMS”  кој пак беше направен во Мадрид со познатиот моден фотограф Алфи Гомез. 

Убавината и талентот на Јанушева веднаш го препознаа од светската и реномирана модна агенција NEXT Management која пак одлично ја застапува на интернационално ниво. 

Тати е вистински пример за една успешна модна приказна на која сме многу горди и нескромно среќни за нејзините светски достигнувања велат од матичната агенција – Моделс ИН.