Актуелно // Insta вести
Кога Бог давал, се заборавил: Миу Миу, Баленсијага, Диор - Аделина Тахири го „стопи“ снегот во Швајцарија со луксуз
Таа е позната по нејзината страст за облекување во брендирани парчиња.
Аделина Тахири за зимскиот одмор и уживање на снегот во убавата и снежна Швајцарија не штедела и се подновила со брендирана облека.
Одeло за скијање од брендот Кристијан Диор, блуза од истиот бренд и исти дезен односно од истата колекција на модната куќа. Дури и шапката за снег и очилата за скијање се од Диор. Стилски, елегантно и софистицирано од глава до пети.
Атрактивната пејачка веќе неколку дена ужива во пејсажите, убавината и храната на Санкт(Сент) Мориц. Овој град е туристички центар на алпите во Швајцарија, и се наоѓа на надморска височина од околу 1800 метри. Сент Мориц лежи на јужните падини од Албулските Алпи со поглед на пространата глацијарната долина на Горен Енгадин и истоименото езеро: Сент Мориц.Инаку Тахири Марков, секој ден во овој зимски туристички центар според фотките кои ги споделува со следбениците и фановите се облекува тотално различно, но секогаш брендирано.
Покрај модните комбинации од пистите за скијање, Аделина откри и како се стилизирала и за вечерните прошетки во парчиња од најпознатите модни дизајнери во светот: Хермес, Диор, Миу Миу, Баленсијага....
Секој аутфит е совршено искомбиниран и во склад со нејзината извајна фигура. Одлични избори!
Р.Ж.М.
Фото: инстаграм