Нежните половини на македонските ракометни титани: Тие им се неизмерна поддршка

Добивај вести на Viber

Ракометната еуфорија изминативе денови се чувствува во секое кафуле, дом, а дефинитивно точката на вриење е на трибините во Вараждин, каде македонската машка ракометна репрезентација игра на Светското ракометно првенство.

Женски магазин во изминатиот период активно ја следи состојбата од теренот и преку фото и текст ја пренесуваме во нашиот медиум.

Македонската ракометна репрезентација на ова светско првенство доживува ренесанса, со сосема нов тим на играчи. Свежата крв во репрезентацијата покажа дека е потребна и дека треба да им се даде шанса на новите момци. Но таму помеѓу се и искусните кои допрва ќе се покажат во нивното вистинско светло.

Поддршката од верната „Фаланга“ нашите ракометари ја имаа од трибините во Вараждин, но сите знаеме дека најважна поддршка е онаа од најблиските, од семејството.

Во продолжение ќе ве запознаеме со понежната половина на дел од македонските репрезентативци:

Селекторот Кире Лазаров, кој важи за еден од најуспешните ракометари на сите времиња, искуството собрано низ годините го пренесува токму на овие млади момци. 

Подеднакво успешен е Лазаров и на приватен план. До него како поддршка скоро 18 години ја има сопругата Љубица, негова сограѓанка со која ги имаат двете деца, синот Благојче и ќерката Лана.

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Филип Кузмановски се ожени во 2019 година со својата долгогодишна девојка Моника Игнова.

Свадбата ја правеа во Битола, под отворено небо. 

Невестата носеше венчаница со голо рамо што ја следи линијата на телото, а Филип избра елегантен тегет костум. Меѓу гостите на свадбата беше и ракометарот Дејан Манасков, кој е братучед на Моника.

Филип и Моника во октомври минатата година со интересна фотосесија која ја објавија на социјалните мрежи, објавија дека го очекуваат нивното прво дете.

Во октомври оваа година го добија синот Матијан, кој на свои 4 месеци навива за Македонија во дресот на тато.

Пикерот во македонската ракометна репрезентација Жарко Пешевски во 2022 година стави крај на ергенскиот живот. Иако приватниот живот успешно го крие подалеку од медиумите, во јавноста се појави фотографија од парот. Жарко е оженет за неговата девојка Симона Србаковска Пешевска.

Голманот на мрежата на македонскиот гол, Никола Митревски во брак е со сопругата Елена, со која ги имаат ќерката Анастасија и синот Антонио.

Во дружината на семејни луѓе е и ракометарот Никола Маркоски, кој во 2018 година се ожени со неговата долгогодишна девојка, екс ракометарката Ане Миленковска, со која ги имаат близнаците Матеа и Марко.

Од помладата генерација Марко Митев, кој на социјалните мрежи ја покажа неговата понежна половина, манекенката Мија Стерјовска, која во 2023 година беше победничка на Мис Медитеран.


Г.Д.Г
Фото: Социјални медиуми/ Инстаграм/ Фејсбук