Ана Бунтеска: На мака се познава чоек
Фото: Инстаграм
Лесно е тука да си
Да те има тогаш кога убо е
Кога се’ ко подмачкано оди
И кога треба радост да се дели
Како сватови распеани на свадба
Ех
Најлесно е до чоек да си
Дури среќата му е друшка
И светлина на патот му стои
Чиниш и ноќта видело има
Та никојпат ко да не ќе се стемни
Лесно и најлесно е
Да те има кога сите тука се
За веселба
За смеа
За најаска
За пиење и наздравување
За шеги од ракав истресени
За песна која долго ќе ечи
Лесно и најлесно е
Да те има кога никому не требаш
Кога секој сам со себе можи
И кога сите коцки на местото свое се
Туку...
Туку да те видам тука да бидиш
Тогаш кога небото црно станува
Кога ровје земја попарува
Кога дува толку силно
Небаре кожата од тебе ќе ја слечи
Кога солзата жешка и тешка е
Кога недежта кинисала некаде онаму
Без ниет и ум да се врати
Ете тогаш да те видам чоек да си
Тогаш да те видам како со сета душа тука си
Кога молкот ниедна песна не го крши
Кога плачот е единствениот звук
Кога душата завива од бол
Ете тогаш
Тогаш се гледа каков си
И колку ти вреди името
Колку си достоен за презимето
Оти за арно сите тука се
Ама чоек на мака се гледа
Дали тогаш молкум до тебе ќе е
За да се најди
Да поможи
Без есап
Без никој да знае
Ама со срце широко
Оти само на мака
И само тешко ко е, се гледа кој чоек Е
Кој чоек останал
И за арно...и за лошо
За Женски Магазин, Ана Бунтеска