Да, ова е таа! Никој не верува, а пејачката гордо вели- „Ова сум јас, без филтри и фотошоп и многу сум убава!“
Нели Фуртадо позираше без шминка, филтри и фотошоп и покажа како навистина изгледа - Испрати важна порака до жените
Познатата пејачка решила да го покаже својот природен изглед на Инстаграм – без филтри и фотошоп, бидејќи сфатила дека тоа влијае на односот на другите жени за убавината, а притоа стекнала и голема самодоверба. Вели дека го сака секој сантиметар од своето тело, но и дека нема направено никаква естетска или пластична корекција.
Пејачката Нели Фуртадо спомена дека научила како да се сака уште повеќе, во текот на претходната година кога се соочила со непријатни ситуации и морала да покрене судска постапка против „шарлатаните“ кои ги рекламирале своите услуги на Интернет користејќи „лажни информации за нивната убавина и здравје“. .
Таа нагласи дека коронките на горните заби се единственото нешто вештачко на неа. Дека со години купува серуми и креми од иста жена, а се започнало кога била тинејџерка.
„Денот пред снимањето и црвениот тепих, пијам многу вода и спијам на грб. Понекогаш на црвениот тепих или на снимањето, мојот шминкер користи лента за лице за да ги подигне очите, кожата и шминката. Понекогаш мојот стилист користи лента за тело за да добие одреден изглед“, напишала Нели Фуртадо и додала дека и шминката, односно шминката на телото, добрата фризура и алиштата даваат одлични ефекти.
Таа нагласи дека на сликите не е нашминкана, туку дека има спреј за самопотемнување на кожата, како и изразени вени кои ги „добила“ од родителите.
Нејзината порака е секој да биде тоа што е и да ја слави својата индивидуалност. „И знајте дека е сосема во ред да го прифатите она што го гледате во огледалото, а исто така е во ред да сакате нешто различно. Таа истакна и дека приказната не е мотивирана од омраза кон никого - едноставно Нели Фуртадо ја раскажува својата приказна.
Таа доби голема поддршка, нејзината објава има околу 1,2 милиони лајкови. Нели Фуртадо (46) е канадска пејачка која има и португалско државјанство. Таа се прослави со албумот „Whoa, Nelly!“ во кој беше вклучена и песната „I'm like a bird“ која ѝ донесе Греми.
Позната е и по албумите „Folklore“ и „Loose“ и сингловите „Promiscuos“, „Maneater“, „Say it right“ и „All good things (Come to a end)“. Нејзината песна „Forca“ беше химна на Европското фудбалско првенство во 2004 година. Три години подоцна, таа соработуваше со Џастин Тимберлејк на песната „Give it to me“.
По успешните песни направи пауза, оваа музичка ѕвезда доживеа нервен слом бидејќи не можеше да се справи со стресот што ѝ го донесе славата. Проблемите со себе го „повлекоа“ вишокот килограми, а откако се врати на сцената не ги повтори старите успеси, иако публиката ја памети и ги обожава нејзините хитови.
Пред 22 години ја доби ќерката Невис со диџејот Џаспер Гахуни. Во 2007 година се омажи за кубанскиот музичар Демачио Кастелон.
Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot