Животна училница // Приказни
Општина Центар донесе препорака за забрана за користење мобилни телефони на настава

Општина Центар донесе препораки за забрана за користење на мобилни телефони за време на настава во основните училишта, а вториот мобилен телефон да биде одземен и вратен на родителот.
„Со оглед на случувањата во последниот период кои резултираат со повреди на самите ученици преку апликациите „Tik Tok“ и други, да се подигне безбедноста во училиштето на повисоко ниво. Мобилните телефони имаат негативно влијание врз процесот на учење.
Продолжуваме да работиме на подобрување на условите за едукација и воспитување на младите, обезбедувајќи балансирано и здраво опкружување за нивниот развој“, објави градоначалникот Горан Герасимовски.
Извор: ФакторФото: Freepik.com