Се разведува по две години брак! Македонската Гранд ѕвезда направи луксузна свадба за која сите зборуваа, а со сопругата не живее со месеци

Добивај вести на Viber

По гала венчавката за која се зборуваше со месеци, сите мислеа дека нивната љубов цвета, но Ален и Аида не се заедно со месеци...

Пејачот од Македонија кој се прослави во натпреварот на „Ѕвездите на Гранд“, Ален Хасановиќ по две години брак се разведе од сопругата Аида.

Aлен веста ја потврди преку социјалните мрежи:

„Максимално ја избегнував оваа тема и сакав мојот приватен живот да го задржам далеку од јавноста. Но новинарите се чудо и од не може да се побегне. Ми се јавија многу новинари, за да не давам било какви изјави за мојот брак, сакам само да потврдам, да точно е. Јас и мојата сопруга повеќе не сме заедно веќе неколку месеци. Секој тргна по својот пат и така сме двајцата среќни“, напиша Ален.

По гала венчавката за која се зборуваше со месеци, сите мислеа дека нивната љубов цвета, меѓутоа, според „Грандонлајн“, Ален и Аида не се заедно со месеци.

Ги избриша сите заеднички фотографии со Аида кои ги објави на социјалните мрежи, па дури и оние од свадбата.

Да потсетиме, Ален Хасановиќ и Аида ја направија една од најгламурозните свадби. Тие го кажаа судбоносното „да“ пред 500 гости во луксузен ресторан во Тетово.

Двојката направи свадба од бајките, почнувајќи од украсувањето на свадбената сала, повеќекатната свадбена торта и разголената венчаница на невестата.

Фото: Инстаграм