Актуелно // Жолта минута
Драгана Мирковиќ за роденденот спиеше во шатор: Пејачката доби изненадување среде пустина
- 20 Јануари, 2025
Музичката ѕвезда Драгана Мирковиќ пред два дена далеку од дома во невообичаена атмосфера го прослави својот 57 роденден.
Пејачката е со семејството и пријателите во Дубаи, а на социјалните мрежи покажа многу детали од Емиратите.
- Мојот најубав роденден почна со појадок и капучино од 24-каратно злато - изјавила Драгана во описот на една објава, додека покажала и дека поминала една ноќ во шатор.
Го покажа скромниот кревет и околината во нејзиниот шатор.
Локалците за Мирковиќ подготвиле и роденденска тората, а за пејачката била отпеана и песната „Среќен роденден“.
Фото: ИнстаграмИзвор: Blic.rs