Овде уживаше пред да се омажи: Анастасија ја отвори вратата од луксузниот имот за кој малкумина знаат (ФОТО)
Станот на семејството Ражнатовиќ во Црна Гора е вистинска оаза на мирот
Големата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, освен недвижен имот на Кипар и Белград, поседува и стан во Црна Гора.
Станот на семејството Ражнатовиќ се наоѓа на црногорското приморје
Цеца и нејзиното семејство секоја година одат во станот во Бечиќи, кој е блиску до познат хотел и одлично се забавуваат на црногорското приморје.
Анастасија Гудељ еднаш сподели неколку фотографии од нејзиниот стан на својот Инстаграм профил пред да се омажи и да се пресели во Шпанија.
На профилот на наследничката на Цеца може да се видат фотографии и видеа направени токму во станот близу морето, каде сакала да оди со другарките.
Станот на семејството Ражнатовиќ е наместен минималистички и воопшто не наликува на вилата во Љутиче Богдана или на Кипар.
Доминираат светли тонови, а во преден план се високи прозорци, низок плафон и мермерни плочки на подот. Омилената соба на Анастасија за правење селфи е пространата дневна соба. Покрај удобниот аголен тросед, свое место најде и елегантен тросед, идеален за опуштање пред телевизор.
Да потсетиме, пејачката со години одмара во семејната куќа на Кипар. Куќата има 400 квадратни метри и се наоѓа веднаш до морскиот брег во Аја Напа, а во дворот има огромен базен во кој уживаат членовите на семејството Ражнатовиќ и нивните пријатели. На горниот кат од прекрасната вила има мал базен, две џакузи и соба за масажа.
На Цеца многу и се допадна тамошното опкружување и се дружеше, а таму се школуваа и нејзините деца.
- Имам ирански, кипарски и руски соседи со кои имам одлични односи. Тоа се остварени луѓе на кои мојата слава во Србија не им значи ништо. Прекрасно лето е во Аја Напа и сакам да одам таму кога ќе залади во Србија. Мирот што го имам во втората куќа ми е драгоцен – изјави претходно Цеца.
Фото: Инстаграм/ Youtube - Screenshoot
Видео: Youtube