Македонецот од Детска Евровизија, Боби Андонов ќе стане татко: „Токму кога мислев дека животот не може да биде подобар“
Македонската јавноста го памети како момчето кое на свои 13 години ја претставуваше Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија во 2008-та година со песната „Прати ми СМС“ во Кипар. Тогаш Македонија во конкуренција од 15 земји се најде на петтата позиција.
Боби Андонов е австралиски пејач, текстописец и продуцент со македонско потекло, кому кариерата му се движи во нагорна линија.
Малото момче кое го познава македонската јавност, денес има 30 години и наскоро ќе стане татко.
На социјалните мрежи постојано е активен со фотографии од работна атмосфера, но денес на неговите социјални мрежи се појави фотографија на девојка со трудничко стомаче.
„Токму кога мислев дека животот не може да биде подобар. Ве сакаме толку многу“, напиша Боби.
Пејачот пред повеќе од еден месец ја побара за сопруга неговата девојка, Џесика Баптиста, а на Инстаграм сподели и дел од приватните моменти.
Инаку Андонов е роден во Мелбурн, Австралија од македонски родители што потекнувале од Струмица. Почнал настапува уште од шест години, кога почнал со танцување и пеење во неговиот роден град Мелбурн. На девет години, глумел како Дени Зуко во детска продукција на мјузиклот „Брилијантин“. Во Македонија живеел на возраст од 13 до 15 години. Потоа тој бил избран да биде еден од четирите млади Симба во бродвејската продукција на „Кралот лав“ во Мелбурн и Шангај, Кина.
Во 2010, на 15 години, Андонов влезе во „Австралија има талент“. Неговата аудиција достигна над 15 милиони прегледи. Тој беше суперфиналист во шоуто, изведувајќи кавери. Во 2010, продуцентот и музички критичар, Моли Мелдрум го одведе Андонов во Сиднеј за да се сретне со рнб пејачот Ашер.
На почетокот од 2014, Андонов напишал две песни за австралискиот долгометражен филм „The Dream Children“, режиран од Роберт Чутер. Исто така работел на дебитантскиот албум „Forget the World“ на Афроџек од 2014 година, и ја ко-напишал песната „Born to Run“, која го вклучувала Тајлер Глен од Neon Trees како вокал. Андонов го ко-напишал и ко-продуцирал синглот „Stone“ од 2015 година, сниман од победникот на Х Фактор Австралија, Сајрус Вилануева.
Во ноември 2015, Андонов потпиша договор со Холивуд Рекордс и се преселил во Лос Анџелес, каде што престојува сега. На 20 октомври 2017, го објавил неговиот дебитантски сингл „Apartment“, заедно со музичко видео за песната.
Фото: ИнстаграмРЖМ