„Среќните зими во Дојрансбург“: Пере Нокаут семејно на чист воздух и уживање во убавиот Дојран

Добивај вести на Viber

Пере од Нокаут кога има можност го напушта домот во Скопје и се качува на врвот на Водно, за да вдиши чист и свеж воздух. Tој тоа го пренесува на социјалните мрежи, а таков беше случајот и пред три дена:

„Додека се качувам со жичарницата до врвот на Водно, се чувствувам како да се издигнувам над хаосот на секојдневието. Градот под мене изгледа пекол, нема град, удавен во валкана магла. Но овде, на 1000m надморска височина е рај, сонце, можам да дишам длабоко и слободно. Оваа панорама ме потсетува колку е важно повремено да се оттргнеме од вревата и стресот, за да најдеме мир во себе. Уживам во секој момент, уживајте и вие на свеж и чист воздух“.


А вчера го искористил денот за посета на убавиот и спокоен Дојран, но и за посета на неговиот драг пријател Игор Џамбазов.

Со неговите две помали ќерки Софија и Ирис се забавува на градската плажа во Дојран, насладувајќи се на зимското сонце и чистиот воздух, но и мирот кој го нуди овој туристички град во нашата земја.

Семејството Перевски, пејачот Никола, неговата сопруга Јована и нивните две ќерки го искористиле престојот и за дружба со актерот, пејач и шоумен Џамбазов. 

Игор сподели детали за дружбата и повторно ја спомна неговата Ферхунде:

„Среќните зими во Дојрансбург... Со Никола - Пере и Јована, Софи и Ирис. Ферхунде не сликаше...“.


Р.Ж.М.

Фото: инстаграм