Дани во чекор со најновите трендови: Ве поздравува од Атина со топ капут во бојата на сезоната

Добивај вести на Viber

Палетата на пастелните нежни бои се тренд и оваа сезона. Романтичната палета на розова, сина, зелена, кремава се дел од зимскиот изглед.

Посебно од оваа палета се истакнува пастелната зелена или минт боја која дава свежина и која практично се комбинира.

Во едно такво трендовско издание среде Атина фотографирана е македонската поп-рок пејачка Дани Димитровска.

Бели панталони и црна ролка, во комбинација на капутот со тренди пастелна боја. Лежерниот изглед совршен за прошетка го надополнила со очила за сонце и мала чанта во петролеј боја.

Пејачката последно беше актуелна со нејзината песна „Пијана“ која ја отпеа на Макфест. Дани месецот на жената ќе го започне со концерт во „Public Room“ каде ќе ги отпее нејзините најголеми хитови.

Фото: Инстаграм
РЖМ