ИМАМЕ ТЕМПЕРАТУРНА ИНВЕРЗИЈА: Доаѓа топло време на планините, а студено и магливо во котлините

Добивај вести на Viber

Од крајот на оваа работна седмица, па за време на викендот, како и во почетокот на следната седмица во Македонија продолжува променливо облачно време со сончеви периоди, тивко и со појава на густа магла по котлините, објави метеорологот Славчо Попоски.

„Појава на густа магла во следните денови ќе продолжи да има  и во Скопската котлина.

Во местата со магла температурите ќе бидат многу пониски како наутро, кога ќе се спуштаат  и под нулата, па така  и преку ден. Додека на другите места, особено на повисоките, планинските места и Скијачките центри температурите ќе бележат тенденција на голем пораст со што се очекува забрзано топење на снежната покривка. Повеќе детали за временската прогноза прочитајте на Фактор.мк