Во такво издание не сте ги виделе 10 години: Марјана Станојковска и Тони Михајловски прегрнати?

Добивај вести на Viber

Пред 10 години на првиот сервис на Македонската Радио телевизија се емитуваше едно од најинтересните шоуа кај нас „Танц со ѕвездите“.

Многу познати наши личности танцуваа на сцената со искусни танчари и се усовршија во латино танците.

 Познатите на сцената се покажаа во најубаво танцувачко светло, а еден таков спомен од пред една деценија на инстаграм Стори сподели и нашата најпозната лото девојка Марјана Станојковска, каде таа танцува со актерот Тони Михајловски.

И пред 10 години и денес таа изгледа атрактивно и нејзе дефинитивно годините не ѝ можат ништо. А актерот Тони Михајловски со кој е на фотографијата Станојковска е видно помлад и се‘ уште со коса на глава.

Сигурно се сеќавате на оваа шоу, а истото ќе остане запаметено засекогаш кај Димтар Атанасовски и Сара Мејс, бидејќи парот токму за време на снимањето на оваа шоу, во кое беа дел и двајцата (танцуваа) почнале да се будат кај нив страстите и по едно снимање им се случил првиот бакнеж.


Р.Ж.М.

Фото: инстаграм