Панчо и Андреј со група пензионерки од Илинден ќе ви го разубават денот: „За да се сподели љубов и среќа не се потребни пари, треба само да си човек“

Добивај вести на Viber

Случајната средба на Панчо и Андреј од дуoто ДНК и група пензионерки од скопски Илинден ќе ви го разубават денот.

Панчо вокално, Андреј со гитара ги придружуваше жените пензионерки кои во еден глас пееја стара македонска песна среде улица.

„Да се има баба е благослов. Денес снимајќи видео за ДНК случајно се сретнавме со група пензионерки од Илинден кои не замолија да им испееме некоја македонска песна и еве го резултатот. Ние им го разубавивме денот но и они нас, а веруваме дека ќе ви го разубават и на вас.За да се сподели љубов и среќа не се потребни пари, треба само да си човек“, напишаа ДНК.


Фото: Принтскирн/ Фејсбук
РЖМ