Татјана Алексиќ: Секое наше дете може да биде Фросина, сѐ додека имаме закон продаден за пари

Добивај вести на Viber

Јавноста не може да се соземе по прегазувањето на младата 22 -годишна девојка Фросина Кулакова. Девојката беше прегазана на пешачки премин кај Силбо на булеварот Партизанска од 20-годишник кој управувал со возилото без возачка дозвола и под дејство на алкохол.

Повеќе од 24 часа не стивнуваат реакциите на граѓаните за трагичниот настан. Некои повикуваат на простес на местото каде трагично го загуби животот младата девојка која била дизајнерка. Нејзините блиски пак со заеднички фотографии и срцепарателни пораки се збогуваат со неа. На овој трагичен настан не остана имуна ниту професорката која важи за една од најафторитетните во Скопје, Татјана Алексиќ- дама која секогаш имала убав збор и се трудела да го извади најубавото од се‘. Па и по овој повод се огласи:

„Две семејства. Во едното расте момче кое што на 20 години зад себе веќе има криминално досие, а во другото расте девојче кое што на 22 години е полно со младешки елан, визија за иднина, трудољубие, успеси и љубов кон животот. Две семејства се закопани со еден удар. Едното од тага по изгубеното чедо, другото затоа што создале убиец. Парите имаат моќ да поткупат, но не и да ја вратат продадената душа на ѓаволот. И секое наше дете може да биде Фросина, сѐ додека имаме закон продаден за пари. Ни се случува Кецмановиќ на улица.“


Фото: Фејсбук