Аки Рахимовски го напуштил синот кога имал 3 години: „Беше добар за сѐ освен за семејството“
Сите имаме гревови и сите остануваме без зборови кога слушаме за туѓи гревови. Во исто време, никогаш не се сеќаваме дека е човечки да се греши
Аки Рахимовски на многумина им остана во сеќавањата како одличен уметник, но малкумина знаат дека тој приватно водел бурен живот:
Александар Рахимовски, попознат по прекарот Аки, беше познат пејач и фронтмен на групата „Парни ваљак“ роден во Ниш на 5 јуни 1955 година. По неговото раѓање, семејството брзо се преселило во Скопје, додека Аки посетувал музичко училиште на седумгодишна возраст.
Пејачот зад себе остави три деца - синот Кристијан, кој го доби во првиот брак, ќерката Дина, која ја имаше во повеќедеценискиот брак со мистериозната Ингрид и ќерката Антонија, која ја доби во 2020 година со Словенката Барбара Весел.
Неговиот син Кристијан никогаш не криел дека односот на неговиот и татко му е прилично несигурен:
„Тато и јас никогаш не бевме во конфликт, имавме расправии за многу други работи. Со оглед на неговиот начин на живот, беше тешко да се изгради некој вид нормален семеен однос. Бев навреден дека тато дава повеќе на другите отколку на своето семејство, бидејќи таму тој беше најпотребен. Како одминуваше времето го прифатив таков каков што беше и почнав да градам врска во која ќе функционираме, а тоа беше преку музиката. Тој беше исклучително добар човек, го сакав многу, но за себе и оние најблиските – таму беше малку „тенок“. Се даваше колку што можеше и знаеше. Го прифатив и го сакав без разлика на се. Беше исклучително горд на мене“, изјави синот на Аки за локалните медиуми.
Да се потсетиме дека кога Кристијан имал три години, Аки ги оставил него и мајка му. Причината најверојатно било несогласување со мајката на момчето, што довело до развод. Претходните години честопати во јавноста ги спомнуваше конфликтите што се случуваа меѓу нив двајца низ годините, но за Ало изјави дека претходните неколку години успеале да ги надминат несогласувањата и дека дури извесен период живееле заедно, пренесува стилкурир.
Кога на 65 години доби ќерка со двојно помладата Барбара, сите беа изненадени. Оние кои го познавале велат дека уживал да ја шета ќерка си во количка до паркот и назад.
Иако имаше мозочен удар во 2018 година, Аки не зборуваше за тоа. Во 2022 година му се слошило, по што починал.
Фото: Youtube - screenshoot