Антониа Гиговска: "Желба ми е да имам три деца, можеби и четири"- КАЖИ ШИФРА

Добивај вести на Viber

Во најновото издание на подкастот КАЖИ ШИФРА на Женски магазин, овозможено од Фактор.мк, ја угостивме македонската музичка ѕвезда во подем- Антониа Гиговска.

Кристално чистиот глас и овозможи пробив на македонското, но и регионалното музичко небо. Секако, не игра улога само гласот, Гиговска се изгради како врвен професионалец, безрезервно вложувајќи во себе, со поддршка на најмилите и пријателите.

Балканскиот натпревар “Пинкови ѕвездички” каде настапуваше на 14 годишна возраст и беше билет за сето она што ќе следи. А следеа големи хитови, нов и современ музички правец, менување на модни стилови, (тоа го прави по теркот на најголемите музички ѕвезди на денешницата), актуелност со секој нов потег…  Еден од нејзините хитови “Жена” е пример за тоа, но на нејзиниот албум има многу хитови кои многубројните фанови ги пеат наизуст.

На врвот на дотогашната кариера, на 22 години се реализира како мајка и сопруга и дури и во тие моменти најде време за музика. Иако не можеше да се оддели од синчето Киан кој го имаат со сопругот Роберт Спасенцовски, исто така музичар

Таа точно знае што сака на нејзини 24 години. На време го сватила шоу бизнисот и оди напред, со смислени чекори.

Имаше периоди кога беше централна тема во нашите медиуми за приказни кои имаа врска со љубовниот живот, па на грб го понесе и тој товар. Ама издржа машки и сега вели дека секој си има право на свое мислење и дека она што таа го прави, ќе го презентира на најдобар можен начин. Не вели не за светска кариера затоа што многу нешта кои мислиме дека се недостижни всушност можат да се реализираат. Начините се различни, но и предизвикот е голем. 

И да! Вели дека и таа е една обична личност со свои потреби, само што се занимава со јавна професија и е изложена на секакви критики.

За сите овие нешта и за многу други, разговараме во нашиот подкаст.

Уживајте: