По неколку месеци криење, Александра Пријовиќ конечно видена, бременоста не може да се сокрие ФОТО
Александра Пријовиќ ретко се појавува бремена
Пејачката Александра Пријовиќ повторно е бремена, а веста за нејзината втора бременост брзо одекна во јавноста. Како што и самата еднаш истакна, сака девојче, што дополнително ги разнежни нејзините обожаватели.
– Би сакала женско. Мислам, најважно е детето да е живо и здраво и се да биде како што треба. Но, кога би можела да бирам, би сакала девојче – искрено изјави тогаш Александра.
Познато е дека Александра ретко се појавуваше во јавноста за време на првата бременост, а овој пат не е ништо поразлично. Сепак, папараците еднаш успеаја да ја фотографираат во деветтиот месец, а тие фотографии станаа вистинско богатство за нејзините фанови. Откако беше потврдено дека чека уште едно бебе, пејачката за малку ќе се повлече од јавниот живот, но многумина претпоставуваат дека таа веќе била бремена во моментот кога е направена фотографијата во салонот на шминкерот Лаза, која неодамна привлече големо внимание.ФОТО: Инстаграм принтскрин
Освен што е успешна на музичкото поле, Александра ужива и во среќен семеен живот со сопругот Филип Живојиновиќ. Нивниот брак многумина го опишуваат како хармоничен и љубовен, а иако повремено се предмет на разни шпекулации, тие успешно ја градат својата врска далеку од очите на јавноста, фокусирајќи се на семејството и взаемната поддршка.
Paparazzo lov screenshot / Januar 2019.
Александра и Филип веќе го имаат синот Александар, а сега со нетрпение чекаат уште едно бебе, што е само уште еден доказ дека нивната љубовна приказна станува побогата и поисполнета.