Викенд хороскоп: Доста веќе со психички проблеми, два знаци ќе доживеат огромна среќа

Добивај вести на Viber

ОВЕН

Доколку правилно ги оцените нештата ова ќе биде мирен викенд за вас. Ќе имате доста енергија, па ќе бидете многу активни, но ќе треба да внимавате вашите активности правилно да ги насочите. Ќе бидете превртливи и непромислени. 

БИК

Несигурен викенд во кој добро треба да размислите за следните чекори. Се` уште се можни непријатни изненадувања кои исто така ќе ви пречат во плановите. Се` што е поврзано со тајни лошо ви е аспектирано па настојувајте во секоја ситуација да бидете отворени и јасни. Ќе морате да бидете потактични и во сентименталните односи. 

БЛИЗНАЦИ

Доколку овој викенд присуствувате на некојa забава бидете многу внимателни во односот со друштвото. Најблиските ќе ви бидат наклонети, па сега најдобро е да се обидете да се движите, по заобиколени патишта. На интимен план ситуацијата ве е значително подобра. 

РАК

Ситни проблеми ќе ви создаваат големи главоболки. Се` почесто ќе бидете уморни што ќе ја зголеми вашата раздразливост. Ситуацијата во друштвото не е онаква каква што посакувате да биде, па ќе морате да се потрудите повеќе за тоа. Бидете мирни викендов и потрудете се наредната недела да ја започнете со поинакви мисли.

ЛАВ

Стабилен и релаксирачки период во кој ќе пронајдете време за уживање. Ве очекува еден спокоен викенд. Обидете се да уживате во бавното темпо и можноста да се занимавате со нешто во кое никој нема да ви се меша. 

ДЕВИЦА

Викендот ќе ви помине вообичаено, беа големи планови и случувања. Скршнете од својот пат и разговарајте со личности надвор од вашиот друштвен круг. Тие ќе ви откријат гледишта кои досега не ви паднале на ум. 

ВАГА

Вашата романтична страна викендов ќе излезе во прв план. Што повеќе се посветите на тоа, толку повеќе ќе бидете среќни и задоволни со себе. Немојте само да заборавите секогаш да имате една нога цврсто на земјата. Бидете искрени и практични и нема да погрешите. 

ШКОРПИЈА

Овој викенд ќе треба да донесете некоја важна одлука, но треба да внимавате, затоа што такви одлуки не се донесуваат преку ноќ. Впрочем, брзите одлуки и инстинктивното реагирање не се дел од вашиот карактер, затоа добро размислете. 

СТРЕЛЕЦ

Релаксирачки и мирен викенд. Меркур и Венера ви испраќаат позитивна енергија. Имате можност да се докажете пред членовите на семејството. Многу ве иритираат коментарите од околината за вашиот љубовен живот. 

ЈАРЕЦ

Викендот за вас ќе биде релаксирачки откако обврските успешно ќе ги завршите. Не дозволувајте семејството да ве оптоварува со банални проблеми.  Ќе слушнете озборувања кои ќе ве замислат, проверете ја нивната точност бидејќи тие ќе ви бидат од голема корист.

ВОДОЛИЈА

Викендот ќе ви помине во психички пресметки самите со себе.  Во се ќе морате да ја вметнете и љубовта. Веројатно нема да ви биде лесно на почетокот, но да бидете посреќни ќе мораат сите области да функционираат, па дури и оние кои ви се чинат помалку важни. 

РИБИ

Овој викенд ќе имате главоболка од обврски. Ќе бидете немирни ќе се чувствувате несигурно, а постои опасност да изгубите некои вредности во кои досега сте уживале. Ви се закануваат судири кои нама да бидат безизлезни.