Еден од најдобрите сценски настапи во историјата на Македонија: „Греми“ оди кај Андријана Јаневска

Добивај вести на Viber

Можеби малку подзаборавен, но еден од најмоќните настапи на наш изведувач. И стил, и песна, и убавина, и вокал... се на едно место. 

Ве навраќаме во 2002 година, на „Скопје фест“ или Скопски фестивал каде по трет пат се избираше Песна за Евровизија. Тогаш Каролина Гочева ја однесе победата со песната „Од нас зависи“, а борбата беше помеѓу неа и Јаневска, која настапи со „О шери мон шери“. Заврши на второто место, но заедно со Каролина имаа спектакуарен сценски настап. Каролина се издвои со златниот корсет и црвената кринилина, а Андријана со наметка од кристали и гантастичен дизајнерски сет во црна боја. Ревулуционерно тогаш, но изгледот и денес слободно може да се примени и да биде исто толку моќен и ефектен. А песната ремек- дело.

Погледнете:


Претходната година, во март 2001 година на Скопскиот фестивал Јаневска освојува гранд при награда со песната Носталгија, но тогаш немавме право на учество на Евровизија.

Вредно е да се одбележат вакви нешта

Н.Т.