„На само 18 години бев прегазена, тој беше под дејство на алкохол, а судот остана нем“: Бетика за настанот коj ѝ го промени животот
Ледената девојка од Ресен, Бети Котовчевска на македонската јавност ѝ е позната како Бетика која обожава да се капе во ладни води во било кој период од годината.
На социјалните мрежи сподели објава кои ѝ ја посвети на прерано почината Фросина Кулакова која животот го загуби на булеварот „Партизанска“.
Со видео како влегува да се капи во Охридското езеро, Фросина сподели искуство дека била повредена во сообраќајна несреќа, додека човекот зад воланот бил униформиран полицаец под дејство на алкохол.
„Денес не зборувам јас, Фросина зборува
преку мене. Можеби
ова вечно ќе го чував за себе, но денес бил денот. На само 18 години ме прегази чичко Полицаец.
-Беше под дејство на алкохол, уиформирани Полицаец
во сопствено возило, после несреќата ме остави на улица брзајќи се да ја
пречека делегацијата.
Очевидците наредниот ден, неми останаа.
(Платени, сите да молчат ) Сега можеби ме читате, ако читајте ме.Јас сум вистина! И судот нем остана!
Имаше кривични дела за в затвор да скапе.
Тој ден не бев уплашена за себе, тој ден бев
уплашена за него, зошто татко ми одеше да му пресуди. Тој ден ја молев Мајката, го молев Бог, смирение за го
облее татко ми, чунки за човек ќе одговара. Поминаа 11 лета, чичко Полицаец и пензија си дочека.
Правда не најдов.
Ја заташкаа работата.
Правда не најдов.
Денес не зборувам јас.
Денес зборува Фросина преку мене.
Почивај во мир малечка.
И прости ни !“, напиша Бетика во објавата.
Бетика во интервју за Женски магазин зборуваше за оваа несреќа која ја натерала лавовски да се бори и тврди дека ладната вода целосно ја излекувала повредената нога за која докторите полагале мали надежи за целосно да се опорави и се сомневале на инвалидитет.
- Плачев со денови и ноќи, ништо повеќе ми немаше смисла во животот, 18 - годишното девојче се распарчи на милиони делови, сонот што го градев уште од дете повеќе го немаше. Ми забранија сѐ - се сеќава Бети.
Во кревет е цели две години, паѓа во депресија, па поради емоционалното растројство постојано јаде и добива плус 20 килограми тежина или како што и самата вели тогаш била најдебела во својот живот.