„Одмарај стари“: Таткото на Игор Џамбазов денес ќе наполнеше 89 години
89 години ќе наполнеше денеска маестро Александар Џамбазов.
По тој повод се огласи неговиот син Игор.
„Стариот мој.
Денес ќе наполнеше 89.
Колку дедо Петре.
А малку повеќе од другарот Тито.
Одмарај стари...“ - гласи пораката која ја напиша на социјалните мрежи Игор Џамбазов.
Александар Џамбазов почина на 25 јануари 2022 во Скопје.
Тој беше познат македонски диригент и композитор, великан на современата македонска музика. Тој е категоризиран во четвртата генерација македонски повоени композитори.
Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и ревискиот оркестар. Има остварено безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство.
Неговиот творечки опус е многу богат. Автор е на голем број детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент бил на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.
FOTO: Printscreen Instagram