Не би погодиле чии синови се овие двајца шармери: Мајка им е „атомска бомба“ на овие простори
Актерката Лидија Вукиќевиќ, нам добро позната по серијата „Подобар живот“ (Бољи живот) често ги воодушевува следбениците на социјалните мрежи. Објавува фотографии и снимки од разни патувања, од својот дом, но и остава без текст со својот изглед. Таа е бомба, иако ја ситни седмата деценија. Но, немаме толку често прилика да ја видиме со незините синови. Тие се возрасни мажи и таа цел живот им го посвети ним.
Лидија ги доби синовите Андреј и Дејвид од бракот со Митар Мркела, познат спортист од времето на Југославија. Мркела и актерката се разведоа во 2000 година, кога нивните синови беа мали - постариот имаше осум години, а помалиот само три.
Во една прилика изјави:
„Последните безгрижни денови од мојот живот завршија во моментот кога станав мајка. Но, кога и да ги видам синовите, грижата исчезнува и се чини дека тогаш моето срце станува преголемо за моето тело“.
Еве како изгледаат денес, на незината најнова објава на Инстаграм:
Фото: Инстаграм