(ФОТО) НОВ ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ: Граѓаните порачуваат дека улиците не се тркачки патеки

Добивај вести на Viber

Граѓаните попладнево повторно излегоа на протест кај Универзалната сала каде пред неколку дена Васил Јованов ја прегази Фросина Кулакова од Неготино, по што таа почина. 

Граѓаните носат транспаренти со кои порачуваат дека одговорност мора да има, но и да се подобри безбедноста во сообраќајот. Голем број млади луѓе излегоа да протестираат. 

„Безбедноста е право, не луксуз“, „Улиците не се тркачки патеки“, „Судии ослободете ја правдата“, се само дел од пораките испишани на транспарентите. 

Протест со иста порака денеска имаше во Кавадарци. Претходно, протести имаше во Скопје и во Неготино.