Сетек – Општествено одговорна компанија: Подарок Rowenta прочистувачи за воздух на здружението за ментално здравје ЦЕДУЗ – Скопје

Добивај вести на Viber

Во рамки на своите активности за поддршка на локалната заедница и подобрување на квалитетот на живот, Сетек објавува дека реализираше донација на прочистувачи за воздух од брендот Rowenta на здружението за ментално здравје ЦЕДУЗ – Скопје.

Оваа донација има за цел да придонесе за создавање здрава и чиста средина во просториите на здружението, што е од клучно значење за благосостојбата на корисниците и персоналот. Прочистувачите за воздух ќе помогнат во подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на алергените и создавање пријатна атмосфера која позитивно влијае врз менталното здравје.

„ Како општествено одговорна компанијаи соработка со нашта партнерска мрежа, наша цел е да поддржиме иницијативи кои имаат позитивно влијание врз заедницата. Се надеваме дека оваа донација ќе придонесе за подобрување на условите во ЦЕДУЗ “ изјавија од Сетек.

Сетек ќе продолжи да ја промовира својата стратегија за општествена одговорност преку поддршка на проекти и иницијативи кои имаат значење за заедницата.

ПР објава