Не сака само Јелена Розга „младо мевце“! И овие пејачки заведоа помлaди мажи од нив
Пејачката Јелена Розга ќе се мажи со 11 години помладиот Иван Хуљиќ, а пред неа многу дами од јавната сцена уживаа во љубовта со помлади партнери. Некои од нив се Светлана Цеца Ражатовиќ, Јелена Карлеуша, Гоца Тржан, Тања Савиќ, Дара Бубамара, Маја Маријана и Сенида.
Јелена Розга и Иван Хуљиќ
Јелена и синот на музичарот Тончи Хуљиќ, Иван, планираат венчавка, а романсата
ја започнале пред 10 години. Но, тогаш нивната врска пропаднала, а причината
била стравот на Иван, неговата мајка Вјекослава Хуљиќ да не ја прифати 11
години постарата снаа. Според медиумите, тие планираат венчавка, а свечената
церемонија ќе се одржи во Сплит наесен.
Светлана Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ
Цеца една година беше во врска со Богдан Срејовиќ. Пејачката е осум години постара
од белградскиот бизнисмен. За жал, парот не можеше да ги премости разликите, па
оваа љубовна приказна стана само спомен. Оттогаш Цеца не и претстави момче на
јавноста, а Срејовиќ неодамна доби дете со поранешната соработничка Јована
Љубисављевиќ.
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ
Јелена Карлеуша во 2008 година на Видовден се омажи за седум години помладиот
Душко Тошиќ и по 16 години брак и официјално се разведоа. Двајцата ги имаат
ќерките Атина и Ника, а како што изјавија во минатогодишните изјави тие им се
најважни и им било најважно да се договорат за својата иднина. Старателството и
припадна на Јелена, додека Душко ќе може да ги гледа кога ќе посака, а целиот
имот стекнат за време на бракот оди кај нив две.
Дара Бубамара и Марко Дујаковиќ Тони
Во тоа време се полнеа весниците со врската на Дара Бубамара со 24 години
помладиот Марко Дујаковиќ Тони.
- Го запознав Тони во кафуле, се допишувавме долго време, ниту тој, ниту јас не мислевме дека ќе биде така. Енергиите ни се поклопија, сродни сме и добри души, ме гледа како негов врсник, отсекогаш сакал постари жени, доста е зрел за своите години.
Дара и Тони отпатуваа на бројни егзотични дестинации за време на пандемијата на корона вирусот, и иако многумина ја предвидуваа нивната иднина, нивната врска заврши со распад.
Гоца Тржан и Раша Новаковиќ
Пејачката Гоца Тржан со години е во брак со тапанарот Радомир Раша Новаковиќ,
кој е 14 години помлад од неа. Тржан започнала врска со Раша по разводот со
Иван Маринковиќ, со кој ја има ќерката Лена, а тогаш открила дека му била
благодарна на сопругот за разбирањето и храброста што ги покажал.
- Мажот кој влегува во врска со постара жена која има дете е повеќе од храбар маж. Зошто? Затоа што не носиш само дете во тој брак, ги носиш и бившиот сопруг, бивша свекрва и бивша фамилија, а јас како Гоца Тржан не го донесов само тоа, туку и медиумски глупости – изјави пејачката.
Маја Маријана и 15 години помладиот кошаркар Ненад
По разводот со Младен Шмакиќ, Маја Маријана влезе во романса со кошаркарот
Ненад. Парот тогаш беше виден на кошаркарски натпревар помеѓу Партизан и Цибона
од Загреб, а пејачката изјави дека разликата во години не и пречи.
- Па, зошто секогаш треба да се занимаваме со бројки? Бројките ги препознавам само во бизнисот, тоа значи математика и пари, а кога е љубовта во прашање, тие за мене не постојат - изјави Маја.
Сенида и осум години помладиот Стефан
Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенида, на социјалните мрежи го покажа
своето момче Стефан кој е 8 години помлад од неа. Пејачката е во врска со
Стефан од 2021 година, а минатото лето на социјалните мрежи за прв пат
споделија заедничка фотографија. Мистериозниот Стефан работел како обезбедување
во клуб, а од училиште завршил поморска школа.
Тања Савиќ и Михамед Муки Бешиќ
Тања Савиќ е во врска со Мухамед Муки Бешиќ, пилот кој е 11 години помлад. Тања
најде утеха во Муки по бурниот развод со Душан Јованчевиќ, а неодамна откри
дека нејзините синови го обожаваат.
- Тој е пилот и 11 години помлад. Секоја чест за него што успеа да придобие таква жена која поминала низ се што поминала. Не можам да паднам на не знам какви приказни и не ме интересираат убавина, моќ и пари. Она на што паѓам се само емоции и тоа шесто сетило кое не води, сите го имаме и треба да го користиме. Баш ме интересираше како размислува и дека не користи алкохол или некои недозволени супстанци. Се сретнавме во авионот, тој ме возеше мене и мојот тим. Не чекаше на делот за приватни летови. Се плашев како ќе го издржам сето тоа. Јас седев позади, мојот менаџер исто така седеше позади. Тоа е мал авион за приватни летови, па добро го погледнав, сите бевме таму. Летавме за Чикаго. После тоа почна некоја преписка - раскажала пејачката во една прилика во емисијата „Премиер, викенд специјал“.
Извор: Informer.rs