„Лекарите ни рекоа дека ќерка ни(2) има инфекција на увото, а потоа...“: Ја испративме на специјалист и таму ги слушнавме најстрашните зборови како родители
Флоренс Прајдо Годвин, навидум среќно и здраво двегодишно девојче, почнало да се жали на силни болки во увото минатиот мај. Семејството повеќепати го носело своето девојче во собата за итни случаи, надевајќи се дека инфекцијата брзо ќе биде излечена, но лекарите набрзо откриле многу посериозен проблем.
За жал, резултатите од тестовите покажале дека болката во нејзиното уво е предизвикана од рак. На Флоренс ѝ бил дијагностициран рабдомиосарком во трета фаза, агресивна и високо малигна форма на рак на меките ткива. Лекарите се обиделе да го лечат реткиот рак со хемотерапија и радиотерапија, но претходно овој месец, снимките ја откриле најлошата можна вест: туморот на нејзиното уво се проширил на нејзиниот мозок.
Семејство од Илфракомб, Англија, е во шок и уништено откако на нивното дете му била дадена ужасна дијагноза, а лекарите веднаш му дале хемотерапија во обид да го спречат ширењето на болеста. За жал, ракот продолжил да се шири.
Ден Годвин, татко на Флоренс и уште четири деца, објаснил како се чувствува двегодишното девојче во моментов.
„Таа почнува да губи рамнотежа и да се држи, но сè уште се смее, игра и се забавува. Нашиот план е да поминуваме што е можно повеќе време со неа и да создадеме спомени кои ќе ги носиме засекогаш.
Флоренс е родена два месеци предвреме, а првите недели од животот ги поминала во болница. Меѓутоа, после тоа уживала во здрав и среќен живот, се до моментот кога во мај 2024 година почнала да се жали на болки во увото.
„Ја примија во болница бидејќи имаше температура и си ги фаќаше ушите. Ѝ дијагностицираа инфекција на увото и ѝ дадоа антибиотици. Бевме среќни кога доби дијагноза и третман", се присетува неутешниот татко.
Меѓутоа, неколку дена подоцна, Ден забележал дека Флоренс повторно почнала да се чепка по нејзините уши. Таа го отстранила она што тој го опишува како „израсток на кожата“, а потоа ја вратиле во болница. Откако и дале посилни антибиотици, тие ја напуштиле здравствената установа верувајќи дека состојбата е под контрола. Но, набргу потоа мајката Ребека забележала дека лицето на нејзината ќерка станало „поинакво“, а левата страна почнала да „паѓа“, како да имала мозочен удар.
Семејството повторно отишло во собата за итни случаи, каде Флоренс била упатена кај специјалист за уво, нос и грло, кој извршил процедура за испуштање на течноста од нејзиното уво. Полипите, кои биле пронајдени во нејзиното уво, се испратени на анализа. По една недела, ја испратиле дома, за само еден ден подоцна повторно да се разболи. Тогаш лекарите решиле повторно да ја исцедат преостанатата течност од нејзиното уво. Таа се вратила дома на почетокот на јуни, состојбата ѝ била стабилна - до крајот на месецот, кога почнала да се влошува.
„Повторно отидовме во болница и лекарите ни рекоа „тоа е мистерија“, бидејќи не знаеја точно што се случува. Следниот ден, 1 јули, резултатите од анализата на полипите на нејзиното уво покажаа дека тие се канцерогени, ни рекоа дека има тумор во нејзиното лево уво. Отпрвин мислеа дека се проширил на еден од лимфните јазли, но потоа ни рекоа дека тоа не е така. Набрзо ѝ дадоа хемотерапија. “, вели таткото на девојчето.
Флоренс започнала девет циклуси на хемотерапија, од кои секој траел околу три недели. Таа била подложена на наизменични фази на стандардна хемотерапија и експериментална хемотерапија. Во септември, снимките покажале дека третманот функционира и туморот се намалува. Во октомври, таа поминала осум недели во Универзитетската болница во Лондон, каде што примила протонска терапија, еден вид радиотерапија.
Флоренс го завршила својот последен циклус на хемотерапија на почетокот на јануари, а потоа имала уште едно скенирање. Сепак, овој пат резултатите не биле добри. Ден, кој останал дома со другите деца додека Ребека била со Флоренс, рече: „Бевме многу позитивни бидејќи таа се снаоѓаше фантастично добро со сите третмани. Флоренс имаше очигледни несакани ефекти од хемотерапијата, како што се губење на косата и повремени паѓања на енергијата, но таа сè уште играше и се насмевнуваше, освен тоа што немаше коса, не можевме да кажеме дека нешто не е во ред. Но потоа ни рекоа дека ракот се проширил од нејзиното лево уво до задниот дел на мозокот и дека сега е неизлечив“.
Потоа им биле претставени неколку опции, како хемотерапија која би ѝ го продолжила животот за неколку месеци. Меѓутоа, набрзо им било кажано дека ништо повеќе не може да се направи и дека имаат само неколку дена или можеби недели живот.
„Не можам да опишам како се чувствувам откако ја дознавме оваа вест. Тоа беше веројатно најтешкиот момент во мојот живот“, вели таткото Ден со огромна болка.
Флоренс сега е дома со своето семејство, сè уште се смее, игра и поминува драгоцени моменти со своите родители, браќата и сестрите и пријателите. Ден и Ребека решија да го поминат секој момент со неа и на тој начин да стекнат спомени кои засекогаш ќе ги негуваат. Организираа и семејно патување.
Рабдомиосаркомот е редок вид на рак на меките ткива кој најчесто се јавува кај деца под 10-годишна возраст, а најчесто ги погодува момчињата.
Фото: приватна архива