Борко мора да е горд: За роденденот на Анастасија, Нина се потрудила тие две да носат исти фустани
Преслатко
За прославата по повод 2 роденден на ќеркичката Анастасија, Нина Ристовска, сопругата на министерот за спорт и поранешен ракометар Борко Ристовски се потрудила тие две да носат исти фустани.
Во лелеави бели фустанчиња со црни точки мајката и ќерката изгледат преслатко.
Дали овој модел е дело на самата Нина, која пред извесен период откри дека има голема страст и желба да твори и дизајнира облека, не знаеме. Но едно е сигурно, дизајнот, материјалот и додатоците на фустаните се совршени за доаѓањето на колоритната и топла пролет.
Очигледно малата Анастасија заедно со брат ѝ Душан и другарчињата уживала во забавата, а особено во декорацијата на „Бејби Шарк“. Анимиран херој кој го обожаваат помалите дечиња.
Мама Нина и тато Борко се потрудиле и поголемите дечиња да имаат забава, па за нив на прославата се појавил омилениот нивен лик - суперхеројот Спајдермен.
Р.Ж.М.
Фото: инстаграм/ Фејсбук