„Не им го подготвувајте патот на децата, туку подгответе ги децата за пат“: Наставникот Гоце Бумбароски повторно со моќна порака до родителите

Добивај вести на Viber

Тој е активен на социјалните мрежи, секогаш искрен и детален за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат родителите, но и многупати гласно зборувал за општествените и социјалните проблеми кои за жал се секојдневие кај нас.

 Наставникот Гоце Бамбуровски, кој работи и живее во Прилеп е еден од најпознатите просветни работници кај нас. И овој пат преку социјалните мрежи испрати моќна порака до родителите за воспитувањето на нивните деца, за учениците, односно за децата кои се во развој. Целата порака ви ја пренесуваме во целост:

1„Не им го подготвувајте патот на децата, туку подгответе ги децата за пат...

Според психолозите, постојат 4 видови на интелигенција:

1. IQ

2. EQ

3. SQ

4. AQ

1. Коефициент на интелигенција (IQ) е мерка на вашето ниво на разбирање. Потребен ви е IQ за решавање математика, помнење моменти и помнење лекции.

2. Емоционален коефициент (ЕQ) е мерка на вашата способност да одржите мир со другите, да пазите на времето, да бидете одговорни, да бидете поштени, да почитувате граници, да бидете скромни, искрени и внимателни.

3. Социјален коефициент (SQ) е мерка на вашата способност да изградите мрежа на пријателства и да ја одржувате во текот на подолг временски период.

Луѓето кои имаат повисок EQ и SQ имаат тенденција да одат подалеку во животот од оние со повисок IQ, но ниски EQ и SQ.

Голем број институции профитираат од подобрување на IQ, додека ЕQ и SQ се намалени. Човек со висок IQ на крај ќе вработи човек со високи EQ и SQ иако вработениот има просечен IQ. Вашиот EQ го претставува вашиот карактер, додека вашиот SQ ја претставува вашата харизма. Развивајте навики кои ќе ги подобрат овие три Q, посебно вашите EQ и SQ.

4. Koeфициент на отпорност (AQ) е мерка на вашата способност да поминете низ тежок период во животот и да излезете од него без да го изгубите разумот. Кога ќе се соочат со непријатности AQ одлучува кој ќе се откаже, кој ќе го напушти семејството, а кој ќе размислува на самоубоство.

* Родители изложете ги своите деца на други полиња во животот, освен академски. Децата треба да сакаат физичка работа (никогаш ова не го користете како казна) спорт и уметност.

Рaботете на својот IQ исто колку и на нивниот EQ, SQ и АQ.

* Децата треба да се изградат во повеќекратни човечки битија способни да творат независно од своите родители.

* На крај, не го подготвувајте патот на децата, туку подгответе ги децата за пат.... (Е. Jacab)

* Карактер без интелигенција вреди многу, но интелигенција без карактер не вреди ништо. (Ciceron)“.


Р.Ж.М.

Фото: Женски магазин - архива/ Фејсбук - Гоце Бумбароски