Со торта и прскалки Тамара влета среде кафеана во Белград: Сите гледаа во сестрите, еве ја причината

Добивај вести на Viber

Со торта и роденденски прскалки, пејачката Тамара Тодевска влета среде кафеана во Белград, каде нејзината сестра Тијана Дапчевиќ со блиски пријателки го славеше 48-от роденден.

Помалата сестра и приреди изненадување на поголемата. Ненајавена дека пристигнува во Белград се појави на роденденот на Тијана.

Судејќи според видеото објавено на инстаграм стори, изненадувањето и на Тамара успеало, бидејќи Тијана остана со отворена уста додека цела кафеана сведочеше на овој момент.

Тамара до неа ја имаше нејзината верна придружба, партнерот Лука.

На ова изненадување му претходеше фотографија на која Тамара и го честиташе роденденот на Тијана:

„Сис моја. Колку и да си далеку, секогаш си дел од мене. Да си здрава и жива уште 100 години. Таква каква што си, најбоља сестра у свет! Те сакам до ќошот на свемирот и назад! Среќен роденден“.

Фото: Инстаграм
РЖМ