Елегантни комбинации на бои кои оваа сезона ги носат сите тренди жени (ГАЛЕРИЈА)

Добивај вести на Viber

Меѓу модните трендови кои одново не инспирираат со секоја нова сезона се доминантните бои...

Ова се нијансите кои модните дизајнери ги избраа за да ги одбележат стилските комбинации за наредните месеци. За есен и зима, апсолутен хит меѓу боите е огнената црвена во сите нејзини нијанси. Модните куќи како Стела Макартни, Бора Аксу, Ненси Дојак, Кристофер Кејн, Ботега Венета, The Row, Викторија Бекам, Дејвид Кома, Ди Петса, Јудон Чои, Александар Меквин и Прада го ставија во центарот на вниманието, прикажувајќи мноштво начини како да ја вклопите во секојдневни и вечерни комбинации.

Друг фаворит оваа сезона е софистицираното сиво, кое доминира во колекциите на брендовите Gucci, Max Mara, Emilia Wickstead, Bottega Veneta, Alberta Ferretti, Loewe, Miu Miu, Louis Vuitton и Emilia Wickstead. Овие модни куќи не поттикнуваат да креираме модерни и елегантни комбинации со сивата боја како главен акцент.

Ненадминатата црна боја, која блескаше на модните писти на The Row, Versace, Givenchy, 16Arlington, Chloé, Alaïa и Alexander McQueen, како и топлите, пријатни кафеави од колекциите на Saint Laurent, Prada и Miu Miu, се исто така бои кои мора да ги имате оваа сезона.

Сепак, покрај прегледувањето на трендовите, потребна ни е и доза на инспирација за комбинирање на овие бои. Инстаграм профилите на познатите модничарки се идеален извор на стилски идеи, бидејќи ни покажуваат како да создаваме софистицирани и впечатливи комбинации. На пример, комбинација од сива и црвена, маслинесто зелена и беж, сива и црна, како и сива и бургунди, се само дел од изборните комбинации на бои што ги сакаат овие модни икони.

Овие комбинации на бои се идеални за сите прилики – од дневни прошетки до вечерни излегувања, обезбедувајќи бесконечен извор на инспирација за совршен изглед.

Во фотогалеријата погледнете ги врвните комбинации на бои за сезоната.

Сива и црвена – смела комбинација за самоуверен изглед.

Маслинесто зелена и беж – Природни нијанси кои зрачат со елеганција.


Сива и беж – суптилна комбинација која е секогаш во мода.


Тон на тон: сиво и црно – Минимализам со допир на моќ.


Сива и бордо – софистициран контраст со допир на луксуз.




ФОТО: Инстаграм