Моден фокус // Трендови
„Оскарот“ оди кај Нина Бадриќ: Па дали може подобро? Погледнете
- 02 Февруари, 2025
„Златно студио“ е еден од најголемите настани во Хрватска. Тоа е медиумска гала вечер во која се доделуваат награди во различни категории, од актерство па се до музика. Има неколку категори, слично како и на „Оскарите“. Оваа година, покрај многубројните познати тамошни личности, најмногу се издвои Нина Бадриќ. Позната е по својот автентичен и уникатен стил, облините, приземноста, искреноста и секако, нејзините песни и гласот.
Нина се појави во црна тоалета со деколте и крој кој ја следи линијата на телото, а долнит дел беше како сирена. Заокружи со фантастичен гердан. Вакво издание може само да се види на „Оскарите“ или „Златните глобуси“. Браво Нина.
Фото: Инстаграм