Удобни, шик и неодоливо женствени: Омилените чевли на кралицата Летиција им одговараат на сите и со задоволство ќе ги носиме цела 2025
Таа со причина важи за една од најдобро стилизираните жени во светот...
Шпанската кралица Летиција, позната по својот беспрекорен стил, уште еднаш покажа зошто важи за една од најстилските кралици во светот.
Оваа недела таа го посети училиштето „CEIP Cortes de Cadiz“ во Мадрид, каде присуствуваше на настан посветен на социо-емоционалното образование како дел од програмата „Think Equal“.
Оваа средба со наставниците и учениците беше вистинска можност за Летиција уште еднаш да покаже како се спојуваат елеганцијата и удобноста.
Кралицата се појави во беспрекорен црвен костум составен од струкирана јакна со црни копчиња и широки панталони кои го истакнаа нејзиниот совршен крој и леснотија на движење.
Под оделото носеше црна блуза која додаде допир на софистицираност, додека ноншалантно обви долг црн капут преку рамениците – тренди парче кое не само што е практично, туку и симбол на безвременска елеганција.
Но, вистинската ѕвезда на оваа облека беа црните мокасини со платформа и златна тока, обувки кои на најдобар начин ги комбинираат стилот и удобноста.
Овие чевли се совршен избор за преодниот период помеѓу зима и пролет. Нивната разновидност ги прави совршени за секој тип на облека - од свечени костуми до секојдневни комбинации со фармерки или фустани.
Златната тока додава допир на луксуз и модерен гламур, додека платформата гарантира целодневен комфор, идеален за напорниот распоред на кралицата.
Летиција дополнително го истакна своето извонредно чувство за детали со голем црн чадор што грациозно го носеше додека сонцето и дождот наизменично се менуваа над небото во Мадрид. Нејзината коса слободно ѝ паѓаше, а нејзината препознатлива насмевка го комплетираше ова модно совршенство.
Сопругата на кралот Фелипе често избира светли бои како лила, бордо и розова, но подеднакво е добра во монохроматски комбинации и класични костуми.
Овој пат црвениот костум со црни акценти покажа дека деловниот стил може да биде и женски и модерен.
ФОТО: Инстаграм принтскрин