Шкорпии слушајте си го срцето, Риби бидете во тренд: Неделен хороскоп од 27 јануари до 2 февруари
Што прогнозираат астролозите за оваа недела:
Овен
Љубов: Понекогаш во љубовната врска посакувате повеќе отколку што е можно, но нема причина да се жалите на вашиот сакан. Прифатете го она што го добивате.
Работа: Околината позитивно реагира на вашите идеи и некој ве поттикнува да преземете активна улога или на дополнителна креативност. Заштитете ги деловните интереси.
Здравје: Обрнете внимание на соништата.
Бик
Љубов: Имате лошо чувство или треба да го проверите партнерот. Изгледате напнато и сомнително.
Работа: Немојте да бидете демонстранти кога ги презентирате своите идеи и не осудувајте го туѓото однесување ако нема добра причина за тоа.
Здравје: Треба да се ослободите од стресните ситуации, да се опуштите.
Близнаци
Љубов: Имате чувство дека некој интензивно размислува за вас. Забележувате необични емотивни сигнали или некои скриени пораки.
Работа: Нема причина да се грижите за различни коментари, бидејќи секогаш има некој што има различни идеи. Исполнете ги обврските навреме.
Здравје: Обрнете внимание на поздрава исхрана.
Рак
Љубов: Нема причина да се сомневате во нечии чувства. Дозволете си да ве понесе емоционален занес, како добар знак на љубовта.
Работа: Се соочувате со нови компликации. Треба да воспоставите листа на приоритети и да се борите за подобар статус меѓу колегите.
Здравје: Уживајте во убавите работи, опуштете се од напорната работа.
Лав
Љубов: Ви пречи да знаете дека на партнерот повремено му недостасува инспирација, храброст или искреност. Направете нешто во врска со тоа.
Работа: Одбивате да прифатите нечија услуга која ве обврзува на партнерство под одредени услови.
Здравје: Ќе уживате повеќе часови здрав сон, внимавајте на соништата.
Девица
Љубов: Партнерот се обидува да ви помогне или да ве расположи. Заедничката средба може да се претвори во „најубавиот дел од реалноста“.
Работа: Поаѓате од погрешни информации, па вашите прогнози изгледаат неубедливи. Прифатете ја добронамерната критика.
Здравје: Нема потреба да се оптоварувате со тешки теми.