Креативни и едноставни комбинации со оверсајзд блејзер кој можете да го носите и во зима: Украдете идеја од Јасминка Трајковска ФОТО

Добивај вести на Viber

Во последните неколку сезони, блејзерите станаа ѕвезда на многу комбинации, а се парчиња кои се носат во текот на целата година.

Така го носиме и во зима, како совршен додаток на слоевити комбинации. Откако ќе го соблечеме палтото или капутот, ни останува шик комбинација која ќе не стопли. Во моментите кога немаме инспирација или желба да се потрудиме да создадеме облека, туку сакаме стилски изглед, блејзерот е вистинското решение.

Предимензионирани блејзери оваа сезона се носат во различни кроеви, бои и во различни стилски прилики. Многу модни инсајдери се свртуваат и кон кратки, предимензионирани блејзери за да создадат поструктуриран изглед. Играњето со должините и големините на одредени парчиња е секогаш добра идеја. За среќа, многу блогери се дарежливи во споделувањето на нивните комбинации со нас, а ние најдовме неколку кои ќе ве инспирираат без напор да креирате кул облека во кои ќе се чувствувате добро. Факт е дека секој добар блејзер ни дава дополнителна самодоверба, дури и преку најосновните комбинации.

Наша модна инспирација денес е Јасминка Трајковска. Дамата од која непресушно може да се црпат безброј модни идеи.

Погледнете како таа го прави тоа во галеријата идеи:


Ирена С.