Вака изгледа жена која има куп пари, но ниту грам стил: Георгина повторно ги запрепасти модните експерти
Целиот моден свет и се смее на Георгина Родригез, најмногу поради овие фотографии
Модните експерти тврдат дека Георгина Родригез е жена која не може да се пофали со добар моден стил.
Со изборот на гардероба таа често предизвикува бурни реакции во јавноста и главно негативни коментари. Досега можевме јасно да видиме дека сака да ги покажува скапите парчиња кои најмногу ги добива од сопругот.
Но, таа најмногу ја испровоцира јавноста со оваа објава.
Имено, во една прилика додека Кристијано Роналдо се подготвуваше за натпревар, неговата Георгина внимателно го следеше. Таа потоа објави фотографии од нивниот приватен авион на својот Инстаграм со натпис:
„Пред неколку дена со човекот од моите соништа“. Мислењата на нејзините следбеници, како што може да се види од коментарите, беа поделени. Додека некои и велеа дека е убава, други ја критикуваа за нејзиниот гламурозен накит.
„Не грижете се, го гледаме скапиот накит“, „Изгледаш како реклама за часовници“, беа само дел од коментарите...
Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot