Саша Поповиќ оди на лекување во Франција, последните детали за неговата здравствена состојба

Добивај вести на Viber

Саша Поповиќ се соочи со болеста во мај минатата година кога поради невнимание паднал по скали и ја скршил ногата. Навидум рутинска работа се претвори во вистински кошмар.

И додека успешно се опоравувал од скршеницата на ногата, лекарите констатирале други здравствени проблеми со кои креативниот директор на продукцијата „Гранд“ и денес се бори.

Подолго време се шпекулира кога ќе се врати во жирито од „Ѕвездите на Гранд“ и како се повлече во целосна медиумска илегала, а за него и неговото здравје со месеци не знаеме речиси ништо.

Сега за неговата состојба проговори неговиот колега и пријател, водителот Зоран Пејиќ Пеја, кој откри дека Поповиќ е голем борец.

- Му се молам на Бога да ја надмине болеста. Тој е голем борец и голем човек и заслужува да  го победи сето тоа. Се подобрува, бавно, но е остварливо - изјавил Пеја, па откри во каква состојба е Поповиќ.

- Феноменално се држи. Свесен е што треба да прави, и  тоа го прави. Тој патува, оди во Франција, па доаѓа дома. Овде има и прегледи, тука има и лекари кои се грижат за него. Сега е фокусиран на своето здравје. Сите контакти во врска со „Гранд“ ги остварува телефонски и дава директиви бидејќи се уште е музички магионичар и сето тоа без него не би било како што е - истакнува водителот.

Ја допре и сопругата на Саша, Сузана Јовановиќ.

- Сузана е таков борец, дише за Сале. Таа е покрај него 24 часа, додека тој спие, таа го чува. Таа се грижи за него, го вози.

Тој е под нејзина контрола, таа е голем борец и лавица и ѝ симнувам капа за сета љубов. Сето тоа е нормално, долго време се во брак и немаа никаков стрес за време на бракот, уживаа - изјави Зоран.

Извор: Hellomagazin.rs