Тошиќ неа ја опсипува со подароци, се дозна за убавицата со која го поврзуваат: На Карлеуша не е ни слична
Заврши бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ.
Бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ со години е под лупата на јавноста, а нивната врска често ги полни насловните страници на домашните и региналните медиуми. Последниот инцидент на Дедиње дополнително ги продлабочи шпекулациите за нивниот брачен статус, а во исто време во јавноста се појавуваат гласини за нови емотивни партнери. Сепак, Душко Тошиќ, кој повеќе не е легален сопруг на поп дивата, не се држеше настрана кога се во прашање наводните љубовни врски.
Тошиќ со години го поврзуваат со бројни познати дами, а неговото неверство кон Карлеуша не само на медиумски шпекулации, туку и на јавни изјави. Нејзината покојна мајка Дивна Карлеуша отворено зборуваше за тоа и порано.
Како што известуваа српските медиуми, Тошиќ бил поврзуван со многу жени во јавниот живот, дури и додека бил во брак со Карлеуша. Една од најпознатите приказни е неговата наводна врска со старлетата Сораја, која, според извори, траела околу една година. Тој период се поклопува со времето кога пејачката била блиска со фудбалерот Огњен Врањеш. Наводно, Тошиќ престојувал во Турција со Сораја и ја опсипал со луксузни подароци, меѓу кои облека, обувки и нараквица од 60.000 евра.
Покрај Сораја, Тошиќ го поврзуваа и со манекенките Ана и Владана, како и со Марија од Македонија, која во 2004 година глумеше во спотот на покојниот Тоше Проески за песната „Живот“. Шпекулациите отидоа дотаму што медиумите го поврзуваа дури и со водителката Сања...
Особено внимание на јавноста привлече приказната за неговата наводна врска со Софија Шашиќ, ќерката на фолк пејачот Жељко Шашиќ и модната дизајнерка Соња Вуксановиќ. Софија беше блиска со Карлеуша, но наводната афера со Душко доведе до крај на нивното пријателство. Иако Шашиќ демантираше се, тоа што Јелена набргу потоа престана да ја следи Соња на социјалните мрежи кажа доволно.На крајот на минатата година во медиумите како бомба одекна веста дека Тошиќ е во врска со пејачката Катарина Ина Гардијан. Фудбалерот неколку пати бил виден со неа на исти локации, а според неименуван извор, меѓу двајцата можела да се забележи посебна блискост.
Она што дополнително ја заинтригира јавноста е фактот што Ина пееше на прославата на десетгодишнината од бракот на Јелена и Душко, одржана во 2016 година во ресторан во квартот Сењак во главниот град. Снимките од настанот подоцна се проширија на социјалните мрежи, што дополнително ги подгреа сомнежите за природата на нивната врска.
Иако многу познати дами негираа дека биле во врска со Тошиќ, неговите наводни љубовни афери беа тема не само на таблоидите, туку и на лични коментари од кругот на пејачката. Мајката на Јелена Дивна еднаш не се двоумеше да зборува за својот зет во реално шоу.
– Знаете, Душко е неверојатен швалер. Ме боли увото, само сакам таа да ми е жива и здрава. Посебно ми се допаѓа овој дел за богаташот Американец - ѝ изјавила Дивна на пејачката Зорица Марковиќ, која ѝ ги пренела зборовите на јасновитката дека Јелена ќе се разведе и ќе се омажи за богат Американец, на која наводно ќе му роди ќерка.
извор: скандал.рс