До крајот на февруари: Два знака ќе пливаат во пари, ѕвездите ќе им се насмевнат и ќе им ги наполнат џебовите
Додека некои знаци го бројат секој денар во февруари, има среќници на кои ѕвездите ќе им се насмевнат и ќе им ги наполнат џебовите!
Без разлика дали се работи за неочекуван бонус, наследство од далечен роднина за кој не ни знаеле дека постои или чиста среќа на лотарија, два хороскопски знаци би можеле да пливаат во пари во февруари. Ако сте меѓу нив, подгответе се бидејќи вашата финансиска состојба е пред влез во златна фаза!
Лав
Лавовите се родени за да бидат богати – а доколку сè уште не го постигнале тој статус, февруари може да биде месец во кој среќата ќе им се насмевне финансиски! Без разлика дали се работи за голем деловен успех, отплата на стар долг што веќе го отпишале или дури и неочекувана победа во игрите на среќа, Лавовите во февруари ќе доживеат што значи да се „живее како крал“.
Нивната харизма и самодоверба одеднаш ќе им донесат финансиски можности - можеби ќе добијат унапредување, ќе освојат награда на деловна конференција или едноставно ќе привлечат луѓе кои ќе ги опсипуваат со луксузни подароци. Едно е сигурно – Лавовите ќе поминат без грижа на совест во февруари!
Совет: Не трошете се одеднаш!