„Најлошо е кога жената имала само еден маж“: Злата Петровиќ отворено зборува за своите партнери
Злата Петровиќ отсекогаш отворено зборувала за својот бурен љубовен живот, а неодамна зборуваше и за тоа како мажите ѝ се додворуваат, за љубовните комбинации за една вечер и за нејзиното минато кое продолжува да ја интригира јавноста.
– Мојот љубовен живот е никаков. Во моментов немам емотивен партнер, но тоа се случува кога сте задоволни во други области. Секогаш мора да има нешто што недостасува и ве мачи. Никогаш не сум ги криела моите партнери, па не знам зошто мојот љубовен живот е толку интересен. Кога го имам, зборувам, кога немам, молчам и страдам, низ смеа изјавила Злата, признавајќи дека не би имала проблем да влезе во романтична врска со многу помлад маж.
– Во љубовта нема правила и никој не треба да гледа на годините. Не би имала ништо против да најдам дечко кој е помлад од мене, дури и ако е десет години помлад. Тоа што сум постара не значи дека сум за фрлање, рекла пејачката и открила дека нема ништо против секс комбинации.
– Зошто да ги осудуваме се*с односите за една ноќ ако некој ужива во тоа? Секој е господар на својот живот. Па, јас легнав со Пејо првата вечер, тоа беше комбинација и добивме дете, а подоцна станавме маж и жена. Нема правила. Сакам луѓе кои знаат многу и поминуваат низ се. Најлошо е кога жената имала само еден маж, рече Петровиќ.
Фото: Youtube - screenshoot