Само за посебни Пепелашки: Ова се најскапите чевли во светот

Добивај вести на Viber

Гледате во најскапите чевли во светот. Чевлите „Passion Diamond“ на Jada Dubai се изработени од позлатена кожа, свила и обложени со 236 дијаманти.

Во средината помеѓу малите дијаманти, на двете чевли има 15-каратен „централен“ дијамант.

За да се направат вакви чевли потребни се 9 месеци работа, а дури и внатрешните ознаки се златни.

Пробниот модел на луксузните чевли е направен во Италија, а само 50 ВИП клиенти ќе ја имаат честа да ги видат во живо во најскапиот хотел со 7 ѕвезди на светот, хотелот Бурџ Ал Араб во Дубаи, каде што е седиштето на брендот Jada Dubai и да нарачаат пар по нарачка.

Цената на овие чевли е неверојатни 17 милиони американски долари.